Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во креирањето на квалитетни политики за добро владеење и дигитална трансформација на општеството

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството.
Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и во делот на дигиталната трансформација на општеството.
За таа цел, додаде таа, воспоставив редовна комуникација со граѓанскиот сектор кој дава значаен придонес и чија улога е суштинска во креирањето на квалитетни политики во трите клучни столба на кои работи мојот Кабинет, а тоа се – дигитална трансформација на општеството, антикорупциски политики и добро владеење, како и професионални, ефикасни и транспарентни институции.
Јашари информираше дека Фондацијата „Метаморфозис“ има низа проекти во насока на унапредување на транспарентноста на општеството, дигиталната трансформација, но и во однос на политиките за добро владеење.
Двајцата соговорници се согласија во наредниот период да ја продлабочат соработката, особено во процесот на изработка на новата Стратегија за транспарентност, но и во однос на дигиталната трансформација на општеството, воведување на оптимизација на процесите и стандардизација, како клучни елементи во градењето на ефикасен систем.
Share This Article