More

    Кога да се вакцинираме за ковид, за грип или двете заедно

    spot_img

    Бидејќи сега е достапна абдејтирана доза против омикрон, а се наближува сезоната на грип, се поставува прашањето кога е најдобро време за вакцинација против овие вирусни заболувања.

    Одговорот на тоа прашање е – што е можно поскоро. Имено, на телото му се потребни околу две недели за да развие антитела против ковид-19 или грип по вакцинацијата. Ако ја примивте вашата последна доза против коронавирусот пред најмалку 8 недели, сега е најдобро време за нова засилувачка доза на вакцината што го таргетира оригиналниот вирус, како и најновата подваријанта на омикрон.

    Оригиналната вакцина против ковид-19 и бустер дозите значително го намалија бројот на инфекции и стапката на смртност, како и случаите на тешко заболување по инфекција со коронавирусот што доведува до хоспитализација, пишува „Scientific American“.

    Но, заштитата што ја добивме по примањето на претходните дози не трае вечно. Истражувањата покажаа дека примарната серија вакцини против коронавирус штити од тешка болест и смрт шест месеци по вакцинацијата, по што заштитата паѓа за 20% до 30%. Овој пад на имунолошката заштита укажува на важноста на вакцинацијата.

    Почнува сезоната на грип

    Сезоната на грип обично започнува во октомври и го достигнува врвот помеѓу декември и февруари, а може да трае до мај. Идеално, луѓето треба да се вакцинираат пред да почне да се шири грипот, така што септември или почетокот на октомври е идеално време за вакцинација против грип.

    Бидејќи во повеќето земји се укинати сите мерки или на сила се само благите, тешко е да се предвиди како ќе изгледа овогодинешната сезона на грип. Бидејќи повеќето луѓе повторно патуваат, училиштата се отворени и повеќе не се потребни маски во јавниот превоз, ќе бидеме изложени на патогени повеќе отколку во последните две и пол години.

    Имено, поради карантинот и строгите мерки кои беа воведени во првата и втората година од пандемијата, сезоната на грип 2020-2021 година и 2021-2022 година, предизвика помалку хоспитализации отколку во претходните години.

    Симултана вакцинација против грип и ковид

    Многу луѓе исто така се прашуваат дали можат да се вакцинираат против Омикрон и против грип во исто време. Експертите наведуваат дека ваквиот потег е сосема безбеден за возрасни и деца над 12 години.

    Една неодамнешна студија покажа дека вообичаените несакани ефекти од вакцинацијата, како што е болката на местото на инјектирање, се јавуваат во малку повисоки проценти кога некој примил вакцина против грип и вакцина против ковид во исто време. Но, тие несакани ефекти, вклучително и замор и главоболка, беа благи и исчезнаа за ден или два.

    Сепак, не се препорачува да се чека вакцината против грип додека не помине потребниот период од претходната доза на вакцината против ковид. Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачува граѓаните да се вакцинираат против грип до крајот на октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img