Навивачите на Динамо Загреб синоќа направија хаос во Атина, со поддршка и од фановите на Панатенаикос со кои се збратимени, во „војната“ беше против ривалите од АЕК.
За жал, 29-годишно момче, навивач на АЕК го загуби животот во синоќешната тепачка со навивачите на Бад Блу Бојс и на Панатинаикос. За време на немирите беа уапсени повеќе од сто лица, од кои околу 90 се од Хрватска.
Првичните информации беа дека хрватски државјанин го извршил убиството, но се случува пресврт во истрагата, а последните, неофицијални информации се дека станува збор за грчки државјанин.
Од грчката полиција велат дека напаѓачот оставил ДНК на навивачот кој починал. Се трага по нож кој бил фрлен и сокриен како клучен доказ за убиството. Сепак, според последните информации од Атина, полицијата има отпечатоци од убиецот и тој е грчки државјанин, јавува „Нова ТВ’ од Атина.
Претпоставките се дека се работи за фан на Панатинаикос.