More

    Гранатирана Одеса, САД испраќаат нови дронови

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) регистрираше повеќе од 100 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. СЗО наведе дека во овие напади 73 лица се убиени, а 51 други се ранети. Според нив, од вкупно 103 напади, 89 биле врз здравствените установи и 13 влијаеле на транспортот, вклучително и амбулантни возила.

    – Ние сме огорчени што нападите врз здравствената заштита продолжуваат. Нападите врз здравствената заштита се кршење на меѓународното хуманитарно право – рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

    Претставникот на СЗО во Украина, Јарно Хабихт, информира дека низ целата земја, 1.000 здравствени установи се наоѓаат во близина на области каде што се водат битките или во области каде е сменета контролата на војската.

    САД праќаат уште оружје

    Во меѓувреме, САД одобрија испорака на повеќе од 12.000 противтенковски системи, 1.400 противвоздушни системи и неколку стотици дронови камикази во Украина. Пратката е во вредност од 100 милиони долари, со што од почетокот на војната САД досега потрошиле 1,7 милијарди долари за овие цели, јавува Си-Ен-Ен.

    САД на Украина ѝ дадоа и бројни системи „Стингер“ и „Џавелин“, како и повеќе од 7.000 противтенковски системи, стотици беспилотни летала, повеќе од 50 милиони парчиња муниција, 45.000 панцири и шлемови и ракетни системи управувани со ласер.

    Руски бродови ја гранатирале Одеса

    Руските трупи го напуштијата северот на Украина, а борбите се селат на исток во Донбас, но и на југ. Официјални претставници на лица од Одеса изјавија дека градот синоќа бил цел на ракетни напади. Тие соопштија дека руските сили ја гранатирале Одеса од Црното Море.

    „Како резултат … инфраструктурни објекти во регионот Одеса се погодени“, напишаа градските власти во Телеграм.

    „Како резултат на ракетен напад од морето, беа погодени инфраструктурни објекти во регионот на Одеса. Деталите се разјаснуваат“, напишаа градските власти на Телеграм.

    20 жртви во ракетен напад врз железничка станица

    Најмалку 20 лица загинаа денеска во ракетен напад врз железничка станица во источниот украински град Краматорск, што се користеше за евакуација на цивили.

    „Два проектила ја погодија железничката станица Краматорск. Луѓе се повредени. Ги разјаснуваме деталите“, напиша на социјалните мрежи Александар Камишин, шеф на Украинската железница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img