More

    Граѓаните во Германија 3 месеци ќе точат поевтин бензин за 35,2 центи

    spot_img

    Во Германија во среда почнува тримесечната фаза на намалување на даноците на горивото, што треба да ги растовари граѓаните по драстичниот пораст на цените на енергенсите во последните месеци.

    Литар бензин треба да поевтини за 35,2 центи, а дизелот за 16,7 центи. Литар супер денеска во просек изнесува 2,13 евра, а дизелот 2,02 евра.

    „Не сакаме да ги оставиме на цедило граѓаните кои се зависни од автомобили“, напиша германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на Твитер.

    Тој најави дека ќе побара од Канцеларијата за сузбивање на картелите внимателно да ги следи цените на бензинските пумпи за да утврди дали компаниите продаваат по намалени цени.

    И најголемиот германски автомобилски клуб АДАК (ADAC) најави дека „интензивно ќе го следи“ движењето на цените на горивото.

    Но, аналитичарите предупредуваат дека властите немаат инструменти да ги принудат нафтените компании да ги намалат цените на бензинските пумпи.

    Намалувањето на данокот на горивото е една од мерките за финансиска помош на граѓаните, а други мерки се еднократна исплата на бонус од 300 евра за сите вработени и трговци поединци и воведување месечен билет за јавен превоз по субвенционирана цена од девет евра.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img