Граѓаните не се откажуваат од одмор на турското крајбрежје

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Анталија, Бодрум, Мармарис и Истанбул се дестинациите од кои и годинава македонските туристи не се откажуваат иако кај дел од нив има страв да патуваат во Турција поради последниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Туристичките работници велат дека раните резервации за Турција се во тек и за нив има голем интерес бидејќи и попустите од хотелите се високи.

– Нема застој во патувањата за Турција. Познатите туристички градови од егејскиот и средоземноморскиот брег и годинава се популарни за нашите граѓани, но има резервации и за Истанбул. Раното резервирање за Турција зависно од хотелите е за 20% до 40% поевтино и го анулира зголемувањето на цените за ова лето од 20%. Нема никакви најави за откажување на резервациите и се надеваме дека сѐ ќе помине добро. Дополнително до реализирањето на одморот ќе помине подолг период од земјотресот – вели Асим Меѓедовиќ од агенцијата „Фибула“ и член на Здружението за угостителство и туризам во Стопанската комора.

Тој додава дека и за другите туристички дестинации има зголемување на цените до 20%, но тоа не ги премислува граѓаните кои одлучиле да патуваат.

И од другите агенции тврдат дека граѓаните не го изгубиле интересот за патување во Турција. Во дел од нив интересот бил помал во моментот на земјотресот, но подоцна сè се стабилизирало.

– Имаме тури до Истанбул, побарувачката е нешто помала, но луѓето сакаат да патуваат. Раните резервации одат добро за оваа земја – велат од туристичките агенции.

Цените за шестдневен престој во хотелите во Бодрум на почетокот на јуни се движат од 828 до 6.676 евра, додека на крајот на јуни цените се движат од 952 до 8.359 евра. Слични се цените и за Анталија и за другите познати одморалишта во Турција.

Имаше најави дека дел од луѓето кои беа погодени од земјотресот ќе се сместат во хотелите на брегот, но туристичките работници велат дека засега нема информации дека некои од хотелите во кои резервирале нашите сограѓани поради тоа ги откажале резервациите.

Граѓаните кои секоја година летуваат на турското крајбрежје велат дека хотелите им нудат бесплатен престој за децата и тоа заедно со убавините на оваа земја го чини одморот попримамлив.

- Advertisement -
Ad image

– И ова лето одиме во Бодрум. Земјотрес може да се случи секаде и тоа не е причина да се откажам од одморот во Турција. На овој начин можеби ќе помогнеме оваа земја да се справи со последиците од катастрофата, но главно таму одиме поради убавините и поволностите што ги нудат хотелите. Покрај другото има и бесплатен престој за деца. Тоа е доволно секоја година да одмораме во Бодрум. Мислам дека годинава можеби цените ќе бидат пресудни некои од граѓаните да го намалат бројот на денови поминати на одмор, но не и да се откажат од посакуваното патување – вели Маја К. од Скопје.

Други граѓани, пак, годинава ќе ја заменат Турција со Грција или со друга дестинација поради стравот од нов земјотрес.

– Не, годинава не одиме во Турција, се плашиме од нов земјотрес. Не се знае кога би се случил следниот иако никаде не е сигурно кога би можело да има некаква катастрофа. Изборот падна на Египет каде што одморавме пред некоја година. И таму поминавме прекрасно. Веќе резервиравме – вели друга скопјанка.

- Advertisement -
Ad image

И туристичките работници велат дека стравот не е оправдана причина за откажување на патување бидејќи до летниот одмор ќе помине подолг период од земјотресот и состојбата во Турција ќе биде постабилна во тој однос.

– Доколку некој од граѓаните кој резервирал аранжман за Турција пред земјотресот и се плаши да оди таму има законска можност да му се вратат парите, но откажувањето треба да го направи најмалку 2 месеца порано од закажаниот термин. Може да му се вратат парите, освен ако не е поинаку договорено при резервацијата – вели туристички работник.

На патниците им се советува да купат полиси за осигурување за откажување, ако се плашат да патуваат во оваа земја.

Share This Article