Градоначалниците и советниците на северот на Косово и официјално поднесоа оставки

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членовите на локалните собранија на северот на Косово денеска поднесоа оставки од своите функции.Градоначалникот на Северна Митровица, Милан Радојевиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Оставки поднесоа и 17 советници на Српската листа во општинското собрание на Северна Митровица.

„Запознаени сте дека оваа општина долго време се труди да го зачува мирот и стабилноста, долго време работи на градење соживот со сите заедници. Овој град се сеќаваше на тешки времиња. Со нашата работа и работата на претходниот градоначалник успеавме да ја стабилизираме состојбата и да се фокусираме на развојот на градот“, рече Радојевиќ во воведниот дел.

Сепак, како што продолжи, потезите на Приштина во изминатиот период се закануваат да го урнат сето она што е изградено низ годините. „Потезите на Приштина доведоа до колапс на бриселскиот договор“, објави порталот КоСсев.Оставките ќе бидат проследени до Централната изборна комисија, беше речено на итната седница на Собранието на општина Северна Митровица.

Разгледувањето на политичката и безбедносната состојба беше единствената точка на дневниот ред, јави радио Контакт-плус.

Утрово оставки поднесоа и градоначалниците на Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан. Сите оставки се напишани на кирилица, објави косовскиот онлајн портал.

Да потсетиме, претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, во саботата изјави дека по состанокот одржан во Звечан е одлучено претставниците на Србите да ги напуштат сите политички институции, собранието, владата на Косово, четири општини во северот, како и да се запре учеството и работата на Србите во правосудните и полициските органи.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел ги повика Србија и претставниците на косовските Срби да ги почитуваат своите обврски од дијалогот и да се вратат во косовските институции, а косовските власти веднаш да го продолжат процесот на пререгистрација на возилата и да запрат каква било кривична постапка против сопственици на таблички КМ. ЕУ, исто така, го повикува Косово веднаш да започне чекори кон формирање Заедница на општини со српско мнозинство, рече Борел.

Share This Article