Градоначалникот Пецаков изврши обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која ќе се постават столчињата. Исто така тука се работи и на изведба на електрична инсталација за осветлување и ќе се постави нова ограда на овој терен со што можностите за негово користење се зголемуваат.
Го посетив и фудбалското игралиште во склоп на поранешната касарна, каде што во тек е негова реконструкција. Тука веќе се подготвува земјата за садење на природна трева и се подготвува теренот за спроведување на автоматски систем за наводнување на теренот. Доплнително предвидено е да се огради фудбалскиот терен и да се адаптираат простории за соблекувални.
Неуморно работиме и вложуваме во спортот се со цел подигнување на условитена повисоко ниво како би привлекле што повеќе млади луѓе да се занимаваат рекреативно и професионално со спорт.
Share This Article