Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е „вистинска и присутна“ закана

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нуклеарното оружје е „вистинска и присутна“ закана откако Русија ја нападна Украина, изјави во вторникот градоначалникот на Нагасаки, на 77-годишнината од атомското бомбардирање што го опустоши јапонскиот град.

На 9 август 1945 година, Нагасаки беше зафатен од пекол во кој загинаа 74.000 луѓе, три дена по првиот нуклеарен напад на Хирошима во светот.

Двата напади на Соединетите Држави го забрзаа крајот на Втората светска војна и до ден-денес Јапонија останува единствената земја која беше цел на атомско оружје за време на војната.

Но, во вторникот, градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, алармираше. „Во јануари оваа година, лидерите на САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција и Кина издадоа заедничка изјава во која потврдија дека нуклеарната војна не може да се победи и дека никогаш не смее да се води“, рече тој.

„Но веќе следниот месец Русија ја нападна Украина. Заканите со нуклеарно оружје го потресоа целиот свет. Употребата на нуклеарно оружје не е неоснован страв, туку вистинска и актуелна криза“, изјави градоначалникот на Нагасаки.

Тој предупреди дека ова оружје може да се активира и како резултат на погрешно проценување, дефекти или терористички напади.

Преживеаните од Нагасаки, јапонските и странските официјални лица одржаа тивка молитва во 11:02 часот, точниот момент кога атомската бомба беше фрлена врз јапонскиот пристанишен град.

Во саботата, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш одржа говор во Хирошима на годишнината од нападот на 6 август 1945 година во кој загинаа околу 140.000 луѓе.

Тој предупреди дека „човештвото си игра со натоварено оружје“ во контекст на актуелната нуклеарна криза.

- Advertisement -
Ad image

Во последните денови Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, која се наоѓа во јужна Украина.

Share This Article