Градоначалникот: Мобилизацијата во Москва заврши

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Канцелариите за мобилизација во Москва денеска ќе бидат затворени, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Тој додаде дека се пополнети делумните квоти за мобилизација, пренесува АФП.

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Руската Федерација на 21 септември.

Тој тогаш рече дека Министерството за одбрана препорачало да се активираат воените резервисти, бидејќи земјата се соочува со продолжен конфликт во Украина и Донбас. Путин рече дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. „Тоа не е блеф“, истакна тој.

Share This Article