More

    Градоначалникот ја пречека Рита Ора и ѝ го честита роденденот

    spot_img

    Познатата британска поп-пејачка по потекло од Косово, Рита Ора, допатува утрово во Приштина, придружувана од нејзиниот сопруг, исто така светски познатиот режисер, Таика Ваитити, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Славниот џетсет брачен пар на приштинскиот аеродром ги пречека градоначалникот на косовската престолнина, Прпарим Рама.

    На видеото кое го објави Рама на неговата страница на Фејсбук, се гледа Ора како ја допира земјата и на албански јазик изговара: „Господе, благодарам“.

    Посакувајќи ѝ добредојде во татковината, градоначалникот на Приштина воедно на славната пејачка ѝ го честита 33-тиот роденден.

    – Не може да биде поинаков освен преполн со емоции, носталгија и љубов мигот кога стапнуваш на благословената косовска земја, која секогаш ја носиш во срцето и умот! Заедно не очекуваат незаборавни моменти, напиша Рама, кој пред да стане градоначалник на Приштина живееше и работеше како архитект во Лондон, од каде што потекнува неговото дамнешно познанство со Ора и нејзиното семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img