Градинка на отворено и онлајн платформа на еко-заедницата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денес (16-ти февруари), во новоотворениот „Центар за социјални претпријатија“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките идеи од проектот RISE кој втора година по ред го имплементира „АРНО“.

Експертската жири комисија даде најдобри оценки за идеите „Камп“- градинка на отворено и „Yes for Less“ онлајн платформа базирана на еко-заедница. Младите од овие тимови преку програмата RISE ќе добијат финансиска поддршка во износ од 2500 евра и ќе продолжат да ги развиваат своите идеи во рамки на инкубациската фаза која следува.

Од АРНО апелираат до бизнис заедницата од Штип да помогне во отворањето на првата градинка на отворено, а до сите кои го читаат ова да се приклучат на заедницата на Yes for Less, за почеток, преку следење на нивниот инстаграм профил.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply