More

    Градежниците се селат во Пелагонискиот регион

    spot_img

    Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зaвод за статистика.

    Најмногу одобренија за градење се издадени во Пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57,  Полошкиот, 55, …

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.119.331.000 денари, што е за 71,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (55,3%) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20,1%) за објекти од нискоградба и 92 (24,6%) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 374 објекти, на 200 (53,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 174 (46,5%)  инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66.044 м2.

    Најголем број станови ќе се градат Пелагонискиот регион, 207, по што следуваат Југозападниот, 191, Скопскиот, 119, источниот 115, Полошкиот, 110, во Југоисточниот 49, а Североисточнот повторно е со најмалку,  односно 5.

    Во Пелагонискиот регион ќе се градат 122 стана во Прилеп и 84 во Битола, а во главниот град, најголем број од становите се во Центар – 37, Карпош-  23, Гази Баба и Сопиште, со по 21, Аеродром 5….

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img