More

    Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2%

    spot_img

    Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

    Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: „уметност, забава и рекреација“; „други услужни дејности“; „дејности на домаќинствата како работодавачи“; Адејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 19,6%; потоа во секторите „стручни, научни и технички дејности“ и „административни и помошни услужни дејности“ од 7,5%; „трговија на големо и трговија на мало“; „поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 6,9%.
    Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4,8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72,0%.

    Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6,0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5%.

    Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img