Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател утрината на Твитер испрати иронична порака. Таа безмалку ги осуди Европјеците дека „си пијат кафе и твитаат“. Со пораката „пишете ни ако ви треба нешто“ таа алудираше на пратките со оружје и помош кои стигнуваат од Европа, но кои според Украина се недоволни.
,,Добро утро, европски пријатели! Како сте? Читате твитови, пиете кафе? Сакате да почувствувате како Украинците го започнуваат денот? Спуштете се во ладен подрум неколку часа: со батериска ламба и со агрегат за струја наместо со топла чаша (кафе)– немајќи поим кога ќе дојде струјата“, пишува Зеленска и продолжува:
„Руските терористи ја започнаа својата „работна недела“ со масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Но, ние се држиме. И ние сонуваме секој човек во Европа да го започне своето утро топло и безбедно. Пишете ако ви треба нешто, ќе одговориме штом имаме сигнал”, пишува во ироничната порака на Зеленска која во пораката го користи знакот :).
Во коментарите сопругата на претседателот Зеленски добива поддршка, но и забелешки дека Европејците и самите се соочуваат со проблеми заради тоа што нивните влади ја поддржуваат Украина во воената агресија.