Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев во исто време пристигнаа во Рим

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск официјално ја почнува неколкудневната посета на Ватикан и Рим во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Како што јавува известувачот на МИА од Рим, Сиљановска Давкова оваа година ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска претседателката освен аудиенцијата кај папата и традиционалната размена на подароци, ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин.

По официјалните средби во Ватикан шефицата на државата ќе даде изјава за медиуми.

На аудиенција кај папата денеска треба да присуствува и бугарскиот претседател Румен Радев, но засега, како што велат од кабинетот на Сиљановска Давкова сѐ уште не е потврдено дали двајцата претседатели ќе имаат евентуална средба.

Давкова и Радев оваа година во Рим во различни денови го чествуваат Денот на сесловенскиге просветители. Радев денеска ќе биде во базиликата „Свети Климент“ на литургија за Свети Кирил и во црквата „Санта Марија Маџоре“.

Претседателката Давкова, според агендата утре на 24 Мај ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители со посета на базиликата „Свети Климент“ каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

По молебенот претседателката и делегацијата во базиликата „Санта Марија Маџоре“ ќе положат венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во рамки на претстојот во Рим Сиљановска-Давкова утре ќе се сретне со нејзиниот италијански колега Серџо Матарела, а по средбата претседателката ќе даде изјава за медиуми на плоштадот Пјаца дел Квирнале.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова попладнево во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, откако победи на претседателските избори на 8 мај.

- Advertisement -
Ad image

Таа на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковсната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, утре, 23 мај, бугарскиот премиер ќе присуствува на Божествена литургија во базиликата Сан Клементе, каде што е погребан словенскиот првоучител Конст

- Advertisement -
Ad image
Share This Article