More

    Портретот на Кејт Мидлтон „малку“ е промашен

    spot_img

    Не помина долго време откако беше откриен нов портрет на кралот на Велика Британија, Чарлс, а веќе е откриен уште еден портрет на омилениот член на британското кралското семејсто, принцезата Кејт Мидлтон, кој предизвика негативни реакции, објави Еј-Би-Си њус.

    Списанието „Татлер“ објави насловна страница со портрет на принцезата Кејт Мидлтон за да ѝ „оддаде почит на нејзината храброст“, два месеца откако таа во видео објави дека боледува од рак.

    Портретот го насликала британско-замбиската сликарка Хана Узор која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и на кралот Чарлс.

    Насловната го комплетира кралскиот триптих со нов портрет – наведе магазинот.

    Сепак, не сите се воодушевени од портретот на саканата принцеза.

    „Значи се шегувате? Па, таа воопшто не изгледа така!“; „Ова изгледа како дете да го нацртало“; „Кој ти дал толку страшен портрет?“; „Ајде, ова е страшно! Не, извинете, добро е за седумгодишно дете!“, биле дел од гневните коментатори.

    Обожавателите на британското кралско семејство пред неколку дена се налутија и на новиот портрет на кралот Чарлс поради светло-црвената боја која доминира на портретот.

    „Извинете, но изгледа како да излегува од пеколот“, е еден од многуте коментари на тој портрет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img