More

    Гомез: Следната сезона ќе ги надминеме нашите можности

    spot_img

    Фудбалерот на Партизан, Рикардо Гомеш изјави дека ќе направи се неговиот тим да освои барем некој трофеј следната сезона.

    „Се чувствувам добро, иако ова е најтешкиот дел од сезоната за секој фудбалер, но исто така е многу важен, бидејќи тоа е основата за првиот дел од натпреварувањето во лигата и Европа, за што мора да бидеме подготвени. Не ми е проблем што сега помалку работиме со топка, сето тоа се повторува со години и тоа го сфаќам како неопходна обврска на секој професионалец. Во секој спорт, не само фудбал. Можам да ви се заколнам, задоволство ми е што сум овде, што сум дел од Партизан. Овој клуб е мојата куќа!“, изјави Гомеш, кој со тимот е на подготовки во Словенија, а потоа продолжи:

    „Не можам да објаснам што се случи, бидејќи не е нормално да се освојат 98 бода во сезона без да се освои титулата. Не можам да кажам: го заслуживме тоа, бидејќи едноставно не победивме. Според мене победи тој што тоа го заслужи, но тешко е да се прифати по долга сезона и се што се случи, дека на крајот не минавме први низ целта. Но, тоа е фудбал… Бевме фокусирани во поголемиот дел од годината, но на крајот не успеавме и тешко е да се прифати. Тешко ми е, тешко им е на сите останати во тимот, убеден сум во тоа. Нешто се смени во вториот дел од сезоната. Во првиот дел, ми се чини, бевме повеќе поврзани еден со друг, додека во вториот дел изгубивме малку од таа поврзаност и моќ и воопшто меѓусебна хемија. Тоа беше нашата предност, бевме сплотени од првиот ден, решени да истраеме заедно до крај, но нешто се смени во продолжение. Ако ме прашате сега што се смени, не знам како да ви одговорам прецизно“.

    Во текот на минатата сезона црно-белите не славеа во вечното дерби.

    „Дербито секогаш е повеќе од три бода. Тоа се поени на сметката, емоции, вбризгување самодоверба ако победиш или заобиколен пат ако изгубиш. Сето тоа е очекувано и нормално, но ние не реагиравме добро после тоа и тоа е нашата најголема грешка. Моравме да бидеме подготвени на се, за секоја можна ситуација. Еден пораз или реми не требаше да влијае, моравме да го смениме менталитетот и да се обидеме да продолжиме таму каде што застанавме. Се играше четири дена и немаше време за плачење. Лигата не застанува кога губиш, туку продолжува, а ние едноставно моравме да ја надминеме ситуацијата во која се најдовме, но не го направивме. Тоа е нашата најголема грешка!“

    Гомез го собори рекордот на Матеја Кежман по постигнати голови во една сезона во дресот на Партизан.

    „Многу сум среќен поради головите и тие статистики, нема да бидам лажно скромен. Тоа ми донесе многу, но на тимот очигледно не му беше доволно и тоа ми пречи. Тој другиот дел, каде што не го материјализиравме она што го имавме и што можевме, е темната страна на индивидуалниот успех. Но, да бидам искрен, сè уште го немам тоа чувство дека направив нешто одлично, и поради се што кажав на тимски план, и поради краткиот одмор што го имавме. Практично се собравме по три недели и немам чувство дека стоевме со фудбалот. Можеби еден ден кога ќе заминам од овде ќе имам чувство дека направив нешто добро за Партизан и за себе. Секако, горд сум на бројките, тој рекорд го срушив благодарение на моите соиграчи, тренерот Александар Станојевиќ. Во вториот термин не постигнав гол во вечното дерби и тоа си го запишав во глава. Знам дека овој натпревар значи многу за навивачите, но и за нас, па чувството кога победувате или постигнувате гол е многу убаво. Ќе се обидам да дадам се од себе за да го поправам тоа следната сезона“.

    Напаѓачот на клубот од Хумска најави голема борба следната сезона.

    „Пет години без титула се долг период, но Партизан е таков клуб што ќе направи се за да го промени тоа. Верувам дека ќе формираме добар тим, со засилувања и момци кои се враќаат од репрезентации и дека ќе ја смениме сликата од минатото! Никогаш не „ставам бројки во глава“. Секој тренинг, секој натпревар напорно работам и се трудам да постигнам што повеќе голови. Тоа е она што Бог ми го подари како подарок и јас го прифаќам тој подарок и затоа сум благодарен, но не инсистирам на бројки“, заклучи Гомез.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img