More

    Големо мнозинство во Бундестагот е за продолжување на двете мисии на Бундесверот на Балканот

    spot_img

    Големо мнозинство во Бундестагот е за продолжување на двете мисии на Бундесверот на Балканот. Покрај владејачката „семафорска коалиција“ (СПД, Зелените и Либералите), предлогот на германската влада за продолжување на мандатот на мисијата КФОР на Косово во прво читање го поддржаа и опозициските демохристијански партии, ЦДУ и ЦСУ.

    „Потребен ни е КФОР способен да дејствува за да го намалиме тековниот потенцијал за конфликти и ескалација на северот на Косово и на границата со Србија“, изјави претставникот на демохристијаните во Бундестагот задолжен за одбранбена политика, Флоријан Хан. (ЦСУ), пренесува Дојче веле (ДВ).

    Понатамошното германско учество во мисијата на ЕУ Еуфор Алтеа во Босна и Херцеговина беше одобрено дури и од парламентарната група Алтернатива за Германија (АфД).

    Предлогот на германската влада за продолжување на двата мандата треба да се гласа за следната недела.

    Најдолгиот ангажман на Бундесверот во странство
    „Западен Балкан е наше директно соседство. Затоа, одржувањето на мирот во тој регион е наша одговорност“, истакна државниот секретар за одбрана Зимтје Мелер (СПД).

    Во владиниот предлог се наведува дека основата за мисијата на КФОР „продолжува да биде Резолуцијата 1244 (1999) на Советот за безбедност на Обединетите нации“ и се нагласува дека „и Косово и Србија секогаш јасно кажувале дека сакаат присуството на КФОР да продолжи“.

    Мисијата на НАТО на Косово, која трае веќе 25 години, е најдолгиот ангажман на Бундесверот во странство. Максималниот број на припадници на германските единици за брза акција ќе остане на 400. Меѓународните сили на КФОР имаат за цел да обезбедат воспоставување мир и јавен ред на Косово. Меѓутоа, во последно време повторно се зголемија тензиите со соседна Србија.

    Мисијата на ЕУ Еуфор Алтеа, во која Бундесверот учествува со најмногу 50 војници, има за цел да обезбеди усогласеност со Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина во 1995 година. А таа земја, според Берлин, се уште се смета за можен извор на конфликт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img