More

    Голем шумски пожар беснее во близина на струшкото село Делогожда

    spot_img

    Голем шумски пожар беснее во близина на струшкото село Делогожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единициа Струга, Фети Мазари.

    Поради непристапноста на теренот за гасење на пламените јазици од копно, тој посочи дека побарале помош од Центарот за управување со кризи, од каде на местото пристигнал еден хеликоптер на МВР.

    – Екипи на ТППЕ Струга во моментот се на терен со две противпожарни возила, а присутна е и екипа на ЈП „Национални шуми“. Зафатена е голема површина дабова шума и багрем, а постои опасност од префрлање на огнот од другата страна кон Поум, доколку не се интервенира од воздух, изјави Мазари за МИА.

    Тој појасни дека истото место било зафатено од пожар и пред две години при што била изгорена голема површина багрем, дабова и борова шума.

    Центарот за управување со кризи соопшти дека е ангажирана воздухопловна поддршка за гаснење на опасниот пожар шума кај селото Делогожда заради опасноста од проширување кон место што е непристапно за гаснење од земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img