More

    Голем пожар избувна во станбена зграда во виетнамската престолнина Ханој, при што загинаа најмалку 14 лица, а тројца се повредени

    spot_img

    Голем пожар избувна во станбена зграда во виетнамската престолнина Ханој, при што загинаа најмалку 14 лица, а тројца се повредени.

    Голем пожар избувна денеска во виетнамската престолнина. Пожарот ја зафатил станбената зграда. Најмалку 14 лица загинаа во пожарот, а уште најмалку тројца се повредени.

    Пожарот од непозната причина избувнал во тесна улица во населбата Кау Гиај. Пожарникарите по околу еден час успеале да го стават под контрола. Погодената зграда се состои од два блока, едниот со два ката, а другиот со три. Во моментот на несреќата во зградата имало 24 лица, меѓу кои и 17 станари на соби.

    Пожарот е ставен под контрола ноќе по локално време, јавува германската новинска агенција dpa.

    Фаталните пожари се чести во Виетнам, делумно поради недостаток на аларми за чад и противпожарни апарати. Минатата година во пожар во станбена зграда во Ханој загинаа 56 лица, а десетици беа повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img