More

    Тајпеј: Кинески бродови влегоа во ограничените води околу два тајвански острови

    spot_img

    Четири брода на кинеската крајбрежна стража денеска влегоа во „забранетите води“ околу два тајвански острови, соопштија властите во Тајпеј, на вториот ден од кинеските воени маневри околу Тајван.

    „Ова е осми пат овој месец бродовите на кинеската крајбрежна стража да пловат во ограничени води“, соопшти крајбрежната стража на Тајван.

    Четири бродови, наводно, влегле во водите на Тајван со поддршка на два други брода во близина.

    „Ја повикуваме Кина да покаже воздржаност и веднаш да престане со своето ирационално однесување“, се додава во соопштението.

    Кинески воени бродови и борбени авиони го опколија Тајван како дел од воените вежби кои започнаа вчера и имаат за цел да ја тестираат способноста на Кина да ја „преземе“ по инаугурацијата на новиот претседател на Тајван.

    „Целта на маневрот е да се тестира способноста за преземање на власта и заеднички удар, како и контрола на клучните територии“, изјави портпаролот на Источната команда на кинеската војска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img