Европа ќе има доволно гас за зимава бидејќи нејзините складишта ќе биат исполнети до 90 отсто, а во март месец ќе ѝ останат уште барем 20 отсто, пишува Гардијан, цитирајќи ја водечката американска инвестициска банка „Голдман Сакс“. Банката предвидува дека ова ќе ги преполови цените на гасот односно тие од сегашни 215 евра ќе паднат на под 100 евра за мегават час во првите три месеци од идната 2023 година.
Ова, се вели во извештајот, е под претпоставка дека зимата ќе биде со „просечни зимски временски услови“, што е значително под претходно предвидените 213 евра. Дури, за Голдман Сакс главното прашање не е исклучувањето на гасот од страна на „Газпром“, туку тоа дали и како европските земји ќе продолжат да ги складираат оние количества кои ги купиле.
„Неопределеното намалување на извозот преку Северен тек 1 ја остава северозападна Европа без никаков руски гас. Иако најчесто сега сите прашуваат како оваа ситуација ќе влијае на складирањето на гасот, подобро е да се праша каков ефект ова ќе има врз цените за да може складирањето да продолжи“, пишуваат аналитичарите од „Голдман Сакс“