Новак Ѓоковиќ не ја пропушта можноста да ужива на концертите во Белград, а така беше и во вторникот кога неговото појавување на сцената предизвика целосен транс.
Тој се појави на концертот на Степан Хаузер кој се прослави како дел од дуото „2Cellos“ и ја воодушеви присутната публика.
Семејството Ѓоковиќ пристигна меѓу првите, а овој спектакл го следеа од првите редови.
Во еден момент на сцената излезе еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и доби голем аплауз.
Сепак, изненадувањата не завршуваат тука, а Новак го зеде саксофонот во раце и свиреше за време на една композиција.