Ѓоковиќ проговори за разделбата со Иванишевиќ, изненади многумина со своите зборови и одговори на прашањето кој би можел да биде негов наследник
На конференцијата за медиуми по завршувањето на документарниот филм „Никола Пилиќ – Легенда“ во рамките на 71 мартовски фестивал, Новак Ѓоковиќ се осврна на својата разделба со Горан Иванишевиќ.
„Горан пред се е мој доживотен пријател, на моето семејство, некој кој ми е многу драг. Разделбата беше позитивна колку што може, стигнавме до точка на заситеност, време беше да се разделиме по шест години соработка“, рече Ѓоковиќ.
Потоа додаде:
Поминавме низ сито и сито, депортации, дисквалификации, ситуации кои никако не му беа пријатни, но секогаш беше тука за мене“, изјави Новак, на што продолжи.
„Мислам дека се се случи поради таквата врска. Остануваме во одлични приватни односи, но компаниски се разделивме“.
На крајот, на прашањето кој би можел да го наследи Иванишевиќ, Новак истакна:
Сè уште немам поим кој би можел да биде, не знам ни дали ќе го има“, заклучи Ѓоковиќ на изненадувачки начин за тоа кој би можел да го наследи Иванишевиќ.