More

    Ѓоковиќ одговори на провокациите од публиката

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ вчера го победи Станислав Вавринка со 6:3. 6:1 и 7:6 и така се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.

    Како и претходно и во овој меч, Ѓоковиќ добиваше провокации од трибините. Еден навивач дури и гласно прослави грешка на Србинот во публиката, а Ѓоковиќ на него и на останатите им одговори по последниот поен на мечот.

    – Ми се допаднаа првите два сета. Потоа стана малку драматично. Изгледа малку ми падна нивото. Како што се наближуваше квечерината почувствував како да се приближува полицискиот час. И двајцата знаевме дека можеме да одиграме максимум три сета кога влеговме на теренот. Значи, ако некој сакаше да заврши денес, тогаш требаше да освои три сета по ред. Многу ми е мило што тоа бев јас. Стен многупати бил во вакви ситуации. Ме победи двапати во финале на Грен слем. Значи има големо искуство во тие услови. Знаев дека нема да се откаже. По вториот сет се пресоблече и излезе како поинаков играч. Одевме од пет до пети, па фер е што се беше решено во тај-брејк – рече Србинот по натпреварот.

    Во осминафиналето на Грен слемот во Лондон, Ѓоковиќ кој е втор носител, ќе се соочи со Хубер Хуркач од Полска.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img