Поранешниот четврти тенисер во светот Грег Руседски верува дека Новак Ѓоковиќ ќе остане забележан како најдобар тенисер во историјата.
Ѓоковиќ во неделата ја освои 38. мастерс титула, па сега има две повеќе од Рафаел Надал.
Ѓоковиќ ќе биде најголемиот тенисер во историјата, изјави 48-годишниот Руседски, кој беше вицешампион на УС Опен во 1997 година.
„Најмногу недели беше прв во светот, има подобар меѓусебен скор од Надал и Федерер. Може да ја заврши кариерата со 25 грен слем титули“, додаде Руседски.
Ѓоковиќ моментално има 20 години, исто како и Федерер, а Надал на 21 година.
Ролан Гарос каде Новак ја брани титулата стартува на 22 мај.