More

    Ѓоковиќ, е елиминиран во осминафиналето на турнирот во Монте Карло од Италијанецот Лоренцо Музети, 21. на АТП листата

    spot_img

    Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ, е елиминиран во осминафиналето на турнирот во Монте Карло од Италијанецот Лоренцо Музети, 21. на АТП листата.

    Мечот заврши со 6:4, 5:7, 4:6 за Италијанецот. Нервозниот српски тенисер имаше сѐ во свои раце, сет предност и водство од 4:2, но не успеа да победи по три часа борба.

    Иако го држи рекордот со 38 титули на Мастерс 1.000, Ѓоковиќ само двапати победил на тлото на Монако во 2013 и 2015 година и оттогаш не се пласирал во четвртфиналето.

    Музети за пласман во финалето ќе се соочи со сонародникот Јаник Синер.

    Ѓоковиќ беше нервозен, а кога го загуби сервисот при крајот на вториот сет, целосно збесна. Кога се приближуваше до клупата, со сета сила го згазна рекетот што стоеше таму, го скрши и го фрли.

    Беа забележани 14 брејка во првите два сета, само еден во третиот.

    Временските услови беа тешки за двајцата играчи. Дуваше силен ветер, а на почетокот на третиот сет имаше еден час пауза поради дожд. Ѓоковиќ на теренот се појави со преврзан лакт, што веројатно му го отежна сервирањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img