More

    Го паркирал моторот и почнал да пука

    spot_img

    Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен жител на Арачиново.

    Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во негова непосредна близина.

    Со оглед на тоа што осомничениот од извршување на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор која доколку биде определена ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img