More

    Го ограбиле и го претепале додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија, го удриле со пиштол во челото

    spot_img

    Роберто Баџо (57), еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња и добитник на Златната топка во 1993 година, бил претепан, ограбен и затворен откако провалници упаднале во неговиот дом додека го гледал натпреварот помеѓу Италија и Шпанија со своите семејството.

    Полицијата соопшти дека во вилата на Баџо во Алтавила Висентина упаднале пет маскирани и вооружени напаѓачи.

    Баџо се соочил со нив, а во конфликтот бил повреден. Локалните медиуми јавуваат дека тој подоцна бил примен во болница и морало да му се сошијат раните. Откако провалниците го совладале, Баџо и членовите на неговото семејство ги затвориле во плакар. Потоа им ги украле часовниците, накитот и другите вредни предмети.

    Баџо подоцна успеал да се ослободи и да повика полиција, која сега го истражува случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img