Британскиот актер Хју Грант налутил многу гледачи на Оскар по разговарот што се одвиваше на свечениот тепих со плус сајз моделот Ешли Греам. Греам го интервјуираше актерот кој бил видно нерасположен пред самото доделување, а не се ни обидел да сокрие колку не сака да го води тој разговор.
Се’ започнало со (изгледа) недоразбирање на почетокот на разговорот. Манекенката го прашала британскиот актер кој е неговиот омилен дел од доделувањето. „Фасцинантно е. Целото човештво е таму. Тоа е саем на суети“, малку саркастично рекол Хју.
Сепак, манекенката се надоврзала со популарната забава за Оскар организирана од магазинот Vanity Fair. „Да, „Венити фер“ е главниот настан, таму мораме да се опуштиме и да се забавуваме“, одговорил по малку сакрастично тој.
„Дали навивате за некого вечерва?“, го прашала Ешли понатаму. „За никој конкретно“, незаинтересирано одговорил тој. Таа потоа го прашала „што носи на наградите“. „Костум“, ѝ одговори тој. Ешли се обидела да го претвори во шега и го прашала кој го изработил костумот. „Не можам да се сетам кој е кројачот“, луто и одвратил тој.
Таа потоа се обидела да поразговара за филмот „Glass Onion: A Knives Out Mystery“. Ешли го прашала како е да се глуми во тој филм. „Едвај дури и глумам, се појавувам три секунди“, и понатаму луто и одговорил Хју. „Во ред, но… Се забавувавте“, продолжила очајната манекенка. „Речиси“, отсечно одговорил Хју, одмавнувајќи со главата и правејќи гримаси.
„Ешли Греам беше толку слатка и професионална со Хју Грант во интервјуто… а тој е само кретен“, „Хју Грант е кретен“, „Ми се гади што и направи“, „Каков кретен“ се само неколку од коментарите на социјалните мрежи.