More

    Глечерите се топат: Алпите ќе изгубат 34 отсто од сегашната ледена маса

    spot_img

    Како резултат на процесот на затоплување на планетата, областа на Алпите ќе изгуби околу 34 проценти од сегашната ледена маса до средината на векот, но дури и ако затоплувањето што трае во последните децении за чудо престане, топењето трендот ќе продолжи, според резултатите од најновото истражување на научниците од Универзитетот во Лозана.

    Проекциите, истакнуваат научниците, покажуваат дека загубата на глечерите всушност би можела да биде поголема и дека, доколку се набљудуваат само варијаблите на затоплување во последните 10 години, до 2050 година дури 65 отсто од сите ледени формации на Алпите може да се стопи.

    Со помош на вештачка интелигенција и нови алгоритми, швајцарските научници создадоа модел кој анализира пократок временски период и со поголема прецизност ги покажува негативните последици од глобалното затоплување и топењето на ледените површини, што, како што се наведува, значително ќе го зголеми проблемот на вода за пиење во овој дел на европскиот континент.

    Според податоците на швајцарскиот информативен канал „SWI“, просечната температура во оваа земја е зголемена за два степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период.

    Во Швајцарија има вкупно 1.500 глечери, кои се исклучително важни за обезбедување доволно количество вода за пиење. Со нивно топење оваа земја ќе изгуби 57 кубни километри вода или 15 отсто од сите залихи.

    Намалените количини на врнежи во текот на зимските месеци, како и забрзаното топење на алпските глечери, познати како водената кула на Европа, може значително да ги загрозат тековите на големите реки како што се Рајна, Дунав и По, со помали дотоци на вода во летните месеци. Намалувањето на водниот капацитет на овие реки веќе има негативно влијание врз земјоделството, енергетскиот сектор, како и европскиот речен транспорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img