More

    Главниот архитект на руската инвазија на Украина обвинет за примање мито

    spot_img

    Заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, Тимур Иванов официјално е обвинет за примање поткуп, соопшти Басманскиот суд во Москва.

    – Истрагата смета дека Иванов влегол во злосторнички договор со трети лица, однапред здружен со нив за извршување на кривично дело примање поткуп од особено големи размери во вид на давање услуги од имотен карактер. Тоа го правел кога склучувал договори и подизведувал работи за потребите на Министерството за одбрана – рекол изворот на руската агенција РИА Новости.

    Иванов беше осомничен за примање поткуп од еден милион рубљи, што е околу 10.800 долари, објави рускиот државен медиум ТАСС, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 15 години.

    На видеото објавено од руската државна новинска агенција РИА Новости се гледа како Иванов стои во стаклена ограда во судницата во Москва.

     

    На Иванов, кој беше уапсен на работното место, судот му одреди притвор во траење од два месеци, до 23 јуни.

    Заменик министерот за одбрана важеше за главен архитект на руската инвазија на Украина, која стана предмет на санкции од страна на Европската унија и САД. Обвинението го прави овој најголем случај на корупција во Русија од почетокот на војната во февруари 2022 година.

    Одговорностите на Иванов вклучуваа обнова на Мариупол под руска окупација, во југоисточна Украина.

    Во април 2023 година, претседателката на Меѓународната антикорупциска фондација (ACF) на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, Марија Певчих, рече дека Иванов има „една од најпрофитабилните работни места што може да се има во Министерството за одбрана“.

    ACF претходно тврдеше дека Иванов заработил големи пари во неговата улога во водењето на изградбата на руската војска.

    Минатата година, Певчих изјави за Си-Ен-Ен дека екстремното богатство на заменик-министерот за одбрана со имот, вклучително и куќа во една од најскапите населби во Москва – е финансирано од „корупција“.

    ACF тврдеше дека Иванов, кој веќе бил богат човек, имал голема корист од инвазијата на Украина.

    Иванов надгледувал имот, воени хипотеки, станови и урбана обнова во зоната на Северниот воен округ, а според руските медиуми, неговото семејство живеело гламурозен живот.

    Во 2019 година, Иванов беше на листата на магазинот Форбс како еден од најбогатите безбедносни службеници во Русија, со семеен приход од 136,7 милиони рубљи.

    Според руските медиуми, Тимур Иванов никогаш не се расфрлал со своето богатство, освен во една прилика, кога бил фотографиран со лусузен часовник на раката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img