Гласините за неверството на Канје Вест се се погласни, но раперот сепак избегнува да зборува за скандалот. Контроверзниот пејач, како што пренесува „Мирор“, и праќал пораки на девојката на инфлуенсерот Брајс Хол, Микаела Лафуенте, додека тој веќе бил во брак со Бјанка Ценсори.
Хол сподели некои од пораките што Вест ги испратил на Лафуенте прашувајќи ја дали сака да се дружи со него. Раперот не го коментираше ова на социјалните мрежи. Наместо тоа, тој го сподели своето мислење за платформите за стриминг како Спотифај, но и мрежите како ТикТок, затоа што не им плаќаат доволно пари на уметниците.
Инаку, кога Вест ја прашал Лафуенте дали ќе се дружи со него, таа го прашала зошто ја прашува.
„Сакав да видам дали сакате да се дружите и да го слушате новиот албум“, напишал Вест, кој во тоа време веќе беше во брак со својата сегашна сопруга, со која е во брак од декември 2022 година, еден месец откако раперот се разведе од риалити ѕвездата Ким Кардашијан.