Новите ракетни напади на рускиот град Белгород предизвикаа големи материјани штети и паника меѓу луѓето кои воздушната тревога ги затекна на гласачките места за претседателските избори во Русија. Поради ракетена закана, луѓето кои дошле да гласаат биле принудени да го напуштат избирачкото место и да побегнат во прифатилиште, потврдил очевидец за руската државна новинска агенција РИА Новости. По укинувањето на воздушната тревога, жителите на Белгород се вратиле на гласачките место и гласањето продолжило.
Пораката за опасност од ракетен напад во Белгород и Белгородската област е објавена во 08:10 часот по московско време. Од граѓаните било побарано да останат дома и да не се доближуваат до прозорците. По 14 минути алармот бил укинат. Се појавија повеќе видеа од нападот, вклучително и едно на кое се гледа како проектил удира во камион.
Руските гласачи утринава почнаа да излегуваат на гласање, за тридневните претседателски избори кои сигурно на Владимир Путин ќе му донесат уште еден шестгодишен мандат. Путин има три формални ривали: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.
Нападот го објави градоначалникот на Белгород, Валентин Демидов на својот канал на Телеграм. Тој објави дека во денешниот ракетен напад има најмалку тројца повредени.
– Белгород утрово беше изложен на уште еден терористички напад од страна на украинските вооружени сили. Двајца мажи се повредени. Еден од нив е хоспитализиран со неколку скршени ребра и набиени гради. Другиот е префрлен во медицинска установа бидејќи лицето му било исечено од шрапнели. И една жена се појавила со потрес на мозокот и расекотина на прстот , но таа одби хоспитализацијат – соопшти Демидов.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков соопшти дека се оштетени 23 стана во седум станбени згради, два трговски центри, училиште, стадион и осум автомобили. Тој истакна дека итните служби се на терен.