Гламур на црвениот тепих за отворањето на 76. Кански филмски фестивал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синоќа се отвори 76. Кански филмски фестивал, на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Меѓу нив беше и актерката Бри Ларсон, која имаше еден од најнезаборавните фустани на вечерта.

Исто така, и актерката Ума Турман покажа невидена елеганција со нејзиниот избор на тоалета.

 

Актерката Пом Клементиеф блесна во виолетов фустан до подот, кој го красеше проѕирен корсет. Многумина ги привлече и големиот шлиц кој ги истакна нејзините долги нозе.

 

Хелен Мирен (77) се одлучи за сино издание. Заедно со синиот фустан и модните додатоци отиде и чекор понатаму и ја обои косата во светло сина боја.

- Advertisement -
Ad image

 

Еден од погламурозните фустани носеше актерката Ел Фенинг (25). Целиот фустан беше украсен со мали и сјајни камења, а горниот дел наликуваше на крилја на пеперутка.

- Advertisement -
Ad image

 

Актерката Емануел Берт се одлучи за малку полежерна комбинација, заменувајќи го фустанот со костум.

Внимание привлекоа и Кетрин Зета-Даглас, Мајкл Даглас и нивната ќерка Керис Зета-Даглас.

Манекенката Алесандра Амбросио блесна во фустан со светки со качулка.

 

Еден од главните гости беше Џони Деп, кој се одлучи за класичен црн костум. Неговиот нов филм „Jeanne Du Barry“ го отвори Филмскиот фестивал.

 

Share This Article