More

    Ги освои топ-листите во 93 држави

    spot_img

    „Ноќниот агент “ (The Night Agent) е нова хит-серија на „Нефликс“ која за само неколку дена од излегувањето стигна на врвот на скалата на најгледани серии на англиски јазик.

    Серијата е заснована на истоимениот роман на Метју Квирк. На „Нетфликс“ е достапна од 23 март, а за 6 дена на стриминг платформата има повеќе од 168 часа гледаност. Според „Нетфликс“, ова е трета најдобра премиерна недела на некоја серија по бројот на часови на гледаност во првата сезона. Исто така, „НОќниот агент“ е во топ 10 најпопуларни серии на листите во 93 земји во светот.

     

    Серијата го следи агентот на ФБИ кој работи во подрумот на Белата куќа. Тој има задача да управува со телефон кој никогаш не ѕвони – сè додека не заѕвони, ставајќи го среде далекусежна завера.

    „Ми се допаѓа идејата за аутсајдер, некој кој е најмалку важна личност на многу важно место, во овој случај, агент на ФБИ на ниско ниво кој работи во просторија без прозорци во подрумот на Белата куќа“, изјавил продуцентот на серијата, Шон Рајан.

    „Сите околу него се поважни од него. Тој се затекнува во овие нешта и одеднаш, како во класичните филмови на Хичкок, е некој кој е обична личност турната во извонредна ситуација“, додал тој.

    Серијата „Wednesday“ сè уште е на првото место во рамки на дебија на нови серии на платформата, откако имаше неверојатни 341,23 милиони часа гледаност во текот на првата недела од прикажувањата.

    Втора на листата е „Dahmer“, серија која во септември имаше 196,2 милиони часа гледаност во првата недела од прикажувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img