More

    Германските власти ја прекинаа потрагата

    spot_img

    Германските власти ја прекинаа потрагата по дивото животно, бидејќи не нашле докази дека се работи за лавица, пишува Би-би-си, повикувајќи се на претставници на берлинската локална самоуправа.

    Полицијата два дена трага по избеганата лавица откако граѓаните пријавиле дека на улиците виделе животно кое личи на голема мачка. Откако разговарале со експерти, тие сега веруваат дека, сепак, станува збор за дива свиња.

    Во областите, каде наводно била забележана лавицата, не биле пронајдени отпечатоци од шепи или ДНК материјал, како животински измет кој би укажувал дека е во прашање лавица или друга голема мачка, пишува Би-би-си.

    Полицијата денеска соопшти дека смета дека видеото кое кружи на интернет од областа Клајнмахнов е автентично, но дека не се работи за лавица.

    Претставници на полицијата велат дека двајца полицајци го виделе животното на околу 20 метри во четвртокот вечерта и го идентификувале како лавица. Сепак, тие веќе не се сигурни во тоа.

    Еден експерт за берлинската локална радио станица RBB изјави дека, судејќи според снимката, животното повеќе личи на дива свиња, што е вообичаено во регионот.

    Претходниве денови беше засилена потрагата по животното, а во текот на ноќите беше прекинувана по препорака на експерти, поради слаба видливост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img