More

    Германскиот министер за здравство предвидува голем пад на случаите в лето

    - Advertisement -

    Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.

    – Сезонски, пандемијата ќе опаѓа – рече тој денеска на конференција во Баварија, пренесува ДПА.

    Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без коронавирус“. – Варијантата Омикрон е премногу заразна за тоа, рече тој. Летото мора да се искористи за подготвки за есента, кога се очекува нов бран случаи, вели министерот за здравство.

    Лаутербах процени дека сега има веројатно двојно повеќе случаи на коронавирус отколку што се официјално пријавени.

    Тој, исто така, укажа на постоењето на нови варијанти на вируси, вклучително и подваријанта што циркулира во САД, која се шири многу побрзо од онаа што преовладува во Германија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img