Германскиот министер е бесен поради „Северен тек 1“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ги обвини руските власти дека лажат за турбината за Северен тек 1, со цел да го одолговлекуваат сервисирањето на гасоводот.

Во разговор со граѓаните во Бајројт, Хабек рече дека турбината за гасоводот „Северен тек 1“ која беше на ремонт во Канада, од понеделникот е во Германија.

– Сите документи се средени. Сепак, Русија е против преземање на турбината – тврди тој.

– Тие нè лажат в лице – истакна Хабек за тврдењата на Кремљ дека германската влада и „Сименс“ го одложуваат враќањето на турбината во Русија.

Од вчера, низ „Северен тек 1“ се пренесува само 20 одсто од предвидената количина на гас.

Share This Article