Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок истакна дека Украина има место во Европската унија за време на нејзината посета на Киев, каде што ненајавено пристигна во понеделникот наутро.
Украина може „да се потпре на нас и на нашето разбирање за проширувањето на ЕУ како неопходна геополитичка последица на руската војна“, рече Бербок по нејзиното пристигнување во главниот град на Украина.
Таа потсети дека Украина веќе има кандидатски статус и додаде: „И сега се подготвуваме да донесеме одлука за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ“.
Во однос на судските реформи и законот за медиуми, резултатите од реформите во Украина се веќе импресивни, рече таа.
Сепак, има уште долг пат во спроведувањето на антиолигархискиот закон и борбата против корупцијата, додаде германскиот министер за надворешни работи.
Ова е четврта посета на Бербок на Киев од избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година.