Долготрајната храна како чај, ориз или мед повеќе не треба да има рок на употреба, смета германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Оздемир.
-Тоа треба да помогне да се намали фрлањето храна – изјави Оздемир пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург.
Оздемир смета дека на Германија ѝ треба обврзувачка листа на исклучоци за одредени производи што се чуваат на полиците.
Според него, „сосема бесмислено“ е долготрајната храна да има рок на траење.
Тој се залага ЕК да ја смени регулативата во однос на овие намирници за да се намали непотребното фрлање на храна.
Според податоците на Комисијата, во ЕУ секоја година се создаваат речиси 59 милиони тони отпад од храна или околу 130 килограми по жител.