More

    Германија во хаос, не знае како да ги забрани екстремните десничарски партии

    spot_img

    Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на германските градови во вторникот на петтата ноќ од протестите против десничарската партија АфД. Според вицеканцеларот Роберт Хабек АфД сака да ја претвори Германија во авторитарна држава како Русија.

    Демонстрирачите бараат партијата да биде забранета. Тие планираат да направат голем човечки синџир околу Рајхстагот во кој 120 организации ќе кажат „не“ за екстремните десничарски партии.

    – Штетата предизвикана од неуспешен обид (за забрана на партијата АфД) би била огромна. Затоа, ако се поведе работата, таа апсолутно ќе мора да опстане на суд 100 проценти. Ова е нешто што мора да се разгледа многу внимателно – изјави овој политичар од Партијата на зелените за весникот Стерн, како што пренесува британски Гардијан.

    Таквата одлука би била на германскиот уставен суд, „а пречките се, како што треба, многу високи“, рече тој. Ќе беше, додаде тој, многу подобро ако АфД беше демократски поразена на изборите.

    Во текот на изминатата недела, медиумите и политичките набљудувачи ги испитаа доказите за тоа кој меѓу АфД, неонацистите и десничарските екстремистички членови на Движењето за идентитет учествувале на собир на радикални десничарски групи кои се залагале за репатријација на луѓе од негерманско потекло во Потсдам во ноември.

     

    Во средата, Верте унија, архи-конзервативната фракција во Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска партија ЦСУ, признаа дека двајца нејзини членови биле присутни. Но, Верте Унијата, која се залага за ограничување на имиграцијата, зајакнување на германската војска и намалување на даноците, го обвини истражувачкиот медиум Correctiv, кој откри дека состанокот се одржал, за преувеличување на содржината на агендата.

    Истовремено, тие признаа дека се разговарало и за темата „преселување“, која потенцијално вклучува и испраќање луѓе назад во нивната татковина. Тие наведуваат дека нивните членови биле поканети како приватни гости, а не како претставници на Верте Унијата.

    Протестите против АфД во Германија ги поздрави и канцеларот Олаф Шолц.

    „Благодарен сум што десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Германија во последните денови да протестираат против расизмот, поттикнувањето на предрасудите и за нашата либерална демократија. Ова ни дава храброст и покажува – има многу повеќе од нас демократите од оние што сакаат да поделат“, објави Шолц во средата на Икс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img