Германија стравува од новиот бран на ковид-19

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика 16-те држави во земјата да се вратат на обврската за носење маски во затворени простории, во борбата со растечкиот бран инфекции од коронавирусот, јави ДПА.

Зборувајќи за радиодифузерот ЗДФ, тој препорача владите на 16-те покраини во Германија, во голема мера се одговорни за здравствената политика, да ги искористат одредбите во законот за повторно воведување построги мерки против коронавирусот.

– Доколку државите се договорат сега кога е оптималното време да се стори тоа, се разбира дека би било одлично – додаде Лаутербах, кој и самиот е доктор.

Според него, „бранот што се зголемува сега, нема да исчезне самиот”.

– Треба да се реагира – подвлече министерот.

Националното тело за контрола на болести, Институтот Роберт Кох, вчера ја стави националната стапка на инциденца на инфекција за седум дена на 793,8, наведува германската новинска агенција.

Ова ги регистрира само луѓето кои направиле официјален ПЦР тест, а многумина веќе не го прават тоа.

Изјавата на Лаутербах следува по синоќешните слични забелешки од страна на шефицата на здружението на лекари Марбургер Бунд.

– Државите мора да одговорат секаде каде бројот на случаи нагло се зголемува, со обврска за носење ФФП2 маски во јавниот превоз и во јавни затворени простории – нагласи Сузан Џона за весниците од медиумската групација Функе.

- Advertisement -
Ad image

Здравствените власти во Европа вчера соопштија дека гледаат индикатори кои укажуваат на нов бран на ковид-19 на континентот, јави Анадолија .

„Иако не сме онаму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на ковид-19 сè уште не е завршена”, се вели во заедничкото соопштение на Стела Киријакидес, европската комесарка за здравство и безбедност на храна, д-р Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и на д-р Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Тие нагласуваат оти „за жал, гледаме дека показателите повторно се зголемуваат во Европа, што укажува на тоа дека започнува уште еден бран на вирусот”, притоа посочувајќи на можното обновување на инфлуенцата со доаѓањето на есента и зимата.

- Advertisement -
Ad image

Во соопштението се посочува дека милиони луѓе низ Европа сè уште не се вакцинирани против Ковид-19.

„Европските земји треба да вложат максимални напори за да дојдат до невакцинираните, осигурувајќи се тие да ги примат дозите вакцини против ковид-19, со истовремено пласирање на бустер дозите на приоритетните групи, во согласност со националните препораки”, истакнаа тие.

Предупредувајќи дека населението може да биде погодено и од сериозна инфлуенца во текот на есента и зимата, во соопштението се додава и оти „важно е следните приоритетни групи да се вакцинираат и против инфлуенца и против ковид-19: здравствените работници, лицата над 60 години, бремените жени и оние со коморбидитети.”

Share This Article