More

    Германија мора да го зголеми воениот капацитет, Европа е под долгорочна закана

    spot_img

    Европа се соочува со долгорочна закана, бидејќи тековната руска инвазија на Украина „повеќе не е регионална војна“, предупреди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесува ДПА.

    „Рускиот претседател Владимир Путин одамна целосно се префрли на воена економија и земјата моментално за три месеци произведува оружје и муниција колку што прави целата Европска Унија за една година“, додаде Писториус.

    Министерот го посочи говорот на Путин од крајот на октомври, во кој рускиот лидер говори за „сериозна, непопустлива битка за нов светски поредок“ и изјави дека веќе се смета себеси за победник во војната против Украинците.

    „Нашата безбедност е кревка предност. Германија мора да го забрза темпото и да инвестира повеќе во својот воен капацитет“, предупреди Писториус.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img