More

    Германија го реизбра претседателот Штајнмајер

    spot_img

    Франк Валтер Штајнмаер денеска е реизбран за претседател на Германија. За него во првиот круг гласаа 1.045 од 1.472 членови на таканаречената сојузна конвенција, составена од пратеници во националниот Парламент и претставници на сојузните покраини.

    Штајмајер по реизборот вети дека вториот претседателски мандат ќе се посвети на ублажување на последиците од пандемијата со ковид-19.

    Во претседателската трка учествуваа четворица кандидати. Стефани Гебауер од Сојуз на слободни гласачи Стефани Гебауер освои 58 гласа, кандидатот на левицата Герхард Траберт – 96, додека за кандидатот на Алтернатива за Германија, Макс Оте, гласаа 140 членови на конвенцијата.

    Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во првата влада на Ангела Меркел, се истакна во својот прв мандат како посредник меѓу конфликтните страни во пристапот кон борбата против пандемијата на ковид-19. Тој ужива и мнозинската поддршка од граѓаните.

    Според аналитичарите, Штајнмаер е претседателот кој успешно ја водеше земјата низ неколку кризи за време на неговиот прв петгодишен мандат, од кои најголемата беше предизвикана од пандемијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img