Германецот Александар Зверев е победник на АТП тенискиот Мастерс турнир во Париз со награден фонд од 5,9 милиони евра, совладувајќи го денеска во финалето го Французинот Хуго Хумберт со 6-2, 6-2, по час и 16 минути игра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германецот Александар Зверев е победник на АТП тенискиот Мастерс турнир во Париз со награден фонд од 5,9 милиони евра, совладувајќи го денеска во финалето го Французинот Хуго Хумберт со 6-2, 6-2, по час и 16 минути игра.

Дваесет и седумгодишниот Зверев со оваа победа ја освои својата 23. титула и втора сезонава по триумфот во Рим.

Хумберт е првиот француски финалист во Париз по 2011 година, кога Жо-Вилфред Цонга беше поразен од легендарниот Швајцарец Роџер Федерер во мечот за титулата.

Зверев, по саботната победа над Данецот Холгер Руне, од идната недела ќе се искачи на второто место на АТП рангирањето веднаш зад Италијанецот Јаник Синер.

Share This Article