Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски вели дека вчерашните бадникови огнови го девалвираат Скопје и додава дека оваа е традиција по српската окупација.
„Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган дури и се сќкавам кога прв пат почнаа со огнот. Денес цело Скопје гори. Го девалвираме Скопје како главен град. Се девалвираме како урбана средина, како народ. Српската окупација ни ја донесе оваа традиција. Само што Белград не гори, отидоа напред. А ние уште сме таму каде не оставија!“, напиша Георгиевски.
Тој и вчера обвини дека палењето огнови е паганизам.