Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е оптимист дека ќе имаме доволно јаглен за престојната зима

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е оптимист дека ќе имаме доволно јаглен за престојната зима. Во случај на целосен застој, за кој вели дека ниту се случил, ниту ќе се случи, на ископите има јаглен за околу десетина дена.

– Нашата обврска е околу 100 илјади тони секогаш да имаме резерви на јаглен. Тоа сликовито значи ако воопшто не се произведува јаглен и ако нема испорака, ќе имаме за 10-тина дена работа, но тоа никогаш не се случило, ниту пак ќе се случи, вели Ковачевски во интервју за телевизија „Телма“.

Резервите на јаглен на депониите, како што посочува, се зголемуваат во есенскиот период и во октомври кога ќе почне грејната сезона треба да има меѓу 200 и 250 илјади тони јаглен коишто ќе гарантираат сигурно производство во текот на грејната сезона.

Во моментот се набавува и мазут за рестартирање на ТЕЦ Неготино кој, како што најавува Ковачевски, овој викенд треба да почне со работа и да работи во континуитет во наредниот период.

Во август, според најавите на првиот човек на ЕСМ, треба да се објави и нов оглас за набавка на околу 180 до 200 илјади тони мазут кои треба да бидат доволни за периодот од ноември до април.

Share This Article