Газпром ќе го запре транзитот на рускиот гас кон ЕУ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека транзитот на природен гас до Европската Унија преку гасоводот „Северен тек 1“ ќе биде стопиран од 31 август до 2 септември заради одржување.

– На 31 август, единствената работна единица за гасен компресор Трент 60 ќе биде исклучена на три дена поради одржување – соопшти компанијата, истакнувајќи дека сите поправки ќе се вршат заедно со специјалисти од германскиот производител Сименс.

Газпром додаде дека по завршувањето на работата и отсуството на технички дефекти на единицата, транспортот на гас ќе биде обновен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно, што претставува приближно 20 отсто од целосниот капацитет на гасоводот.

Единицата е последната од шесте турбини на гасоводот што беше оперативна, а другите имаат потреба од ремонт. Една од турбините во моментов е блокирана во Германија поради санкциите, откако се врати од поправки во Канада.

Испораките на руски гас во ЕУ преку „Северен тек 1“ паднаа на 20 отсто од максималното ниво минатиот месец. Според Газпром, треба да работат пет турбини за да пумпаат гас со полн капацитет.

Share This Article